Чавушоглу:Сега на потег е грчкиот дел на Кипар

Според министерот Чавушоглу единствената причина за сеуште не решеното кипарско прашање е немањето доволна политичка воља за тоа кај грчката страна.

736414
Чавушоглу:Сега на потег е грчкиот дел на Кипар

Шефот на турската дипломатија министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека турската страна на Кипар секогаш се покажа како конструктивна во мировните преговори за идниот статус на поделениот остров,сега е ред тоа да го покажат и кипарските Грци.

Чавушоглу даде интервју за весникот Филелефтерос кој што излегува во јужниот грчки дел на Кипар.

 Потсетиувајќи дека во договорите од 1960 година кога беше  формирана заедничката кипарска држава имаше 5 страни министерот Чавушоглу рече:Сите ние имаме заедничка одговорност. Она што сега треба да се направи е трите земји гарати Турција,Грција и Британија да вложат заеднички напори за да се постигне извесен напредок на преговорите. Турција секогаш се залагаше за траен и сеопфатен мир на Кипар. Бидете сигурни во тоа дека таа ќе продолжи со истата конструктивна политика и во иднина.

Чавушоглу додаде:Кога во 2004  година јужниот дел на Кипар го одби Анановиот план ,претседателот Реџеп Тајип Ердоган вети дека Турција секогаш ќе биде чекор напред во решавањето на кипарското прашање.Ердоган секогаш ја потикнуваше турската страна да го зачува конструктивниот став. Сепак внимание привлекува фактот што од почетокот на 2008 година кога фактички започнаа директните преговори за Кипар кипарските турски лидери продолжија со својата политичка воља во правец на изнаоѓање решение.Тука секако треба да се потенцира и поддршката на Турција. Турција исто така има голем придонес и во заокружувањето на Заедничкото соопштение од 11 февруари 2914 година што беше импулсот за повторно заживување на преговорите.

Според министерот Чавушоглу единствената причина за сеуште не решеното кипарско прашање е немањето доволна политичка воља за тоа кај грчката страна.

Чавушоглу рече: Можете да го претпоставите нашето разочарување од константното одбивање на сите мирољубиви предлози од наша страна.Турција прави се за да се изнајде конечно речение за кипарското прашање. Но тоа не значи дека ќе прифати се само за да се постигне решение.Мислам дека грчката страна ја прави таа грешка и погрешно го толкува нашиот приод кон прашањето. Постигнувањето решение ќе значи пружање извесни одстапки и од двете страни. Сега потегот е кај грчкиот дел.

 



Слични вести