Турција има потреба за нова надворешно-политичка перспектива

Се разгоруваат судирите и одвојувањата кои се базираат на секташка основа и за жал се отвора патот на одредени етнички судири

734858
Турција има потреба за нова надворешно-политичка перспектива

Потпретседателот и портпарол на владата Нуман Куртулмуш рече дека Турција како земја која има големо геополитичко значење има потреба за нова надворешно-политичка перспектива.

Потпретседателот Куртулмуш учествуваше на програмата „Собир на Енсар“.

Во говорот во оваа прилика Куртулмуш рече дека се разгоруваат судирите и одвојувањата кои се базираат на секташка основа и за жал се отвора патот на одредени етнички судири.

Турција ќе биде новата адреса на поголемо обединување и интегрирање не регионот, рече Куртулмуш и потенцираше дека треба да се фрлат конкретни чекори кои ќе допринесат кон интеграцијата на луѓето на исти цивилизации и иста географија.

Турција и географијата на која се простира поминува низ еден мошне тежок период во последните неколку векови.

Исто така и светот на глобално ниво поминува низ големи турбуленции, рече Куртулмуш.

По 1990-те години за жал во светот не се воспостави нова рамнотежа, исто така не се укинати целосно рамнотежите на студената војна, поради што светот е во потрага по нови предизвици. Не само Блискиот Исток, Мала Азија, Африка, некои други делови и региони, туку целиот свет се соочува со одредени проблеми. Бидејќи не може да се воспостави рамнотежа, надворешната политика во светот е многу раздвижена, динамична па дури и насочена кон оска на судири на интересите.

Турција вложува големи напори за окончување на судирите во Сирија и Ирак.

Во претстојниот период во светската економија ќе дојде до сериозни дискусии рече Куртулмуш и потенцираше дека Турција располага со многу различни надворешно-политички аргументи.

Надоврзувајќи се на надворешните посети на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во последните 15 дена Куртулмуш рече дека претседателот Едоган имаше можност да размени мислења со Русија и Иран во врска со Блискоисточните проблеми и прашања, унапредување на односите и особено новите трговски можности со Индија. Со претставниците на Кина да размени мислења во врска со новите политички перспективи за Мала Азија како и трите договори за Патот на свилата. Со тоа беа изнесени нови визии за сите. На последната средба со американскиот претседател Трамп пак беше остварена стратешка средба.

Со порастот на економската моќ, Турција ќе го зајакне својот надворешен углед и зајакнувањето на Турција од сите аспекти ќе биде во корист за спречување на зулумите во светот.



Слични вести