Кипарско грчката управа на прагот на изборите се помести кон популизмот

Заедничката изјава на двајцата лидери на 11 февруари 2014 година претставува рамка на преговорите

735093
Кипарско грчката управа на прагот на изборите се помести кон популизмот

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Кипарско грчката управа на прагот на изборите се помести кон популизмот.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал, министерот Чавушоглу направи проценка на актуелните случувања.

Во врска со Кипарското прашање, министерот Чавушоглу рече дека пред вчерашната средба, претходниот ден одржавме средба со претседателот на Турската република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи кој рече дека постои согласност за одредена патна карта која може да се следи. Заедничката изјава на двајцата лидери на 11 февруари 2014 година претставува рамка на преговорите. Има уште 6 главни поглавја околу кои се водат преговорите. Двете поглавја се однесуваат на безбедноста, едното на земјиштето. Овие поглавја е се разгледаат на последната конференција на која ќе учествуваат претставниците на петте страни. Во останатите 4 поглавја сеуште има отворени прашања кои ќе се разгледаат и затворат.  Врз база на чудните предлози на Кипарско грчката страна на вчерашниот состанок не можевме да постигнеме некој резултат. Во врска со 4-те отворени поглавја воопшто не сакаат ниту да зборуваат. Нивните изговори се сведуваа на што поскоро окончување на конференцијата и решавање на прашањата во врска со гаранциите и земјиштето. Првиот ден господата ќе ги презеле адутите, дури потоа ќе направеле добрина со давање право на ротационо претседателство и управните прашања. Секако дека Кипарско турската страна ги одби овие апсурдни идеи. Кипарско грчката страна ги очекуваат избори. Во тие рамки на преден план почна да се појавуваат популистички политики. Иако Анастасиадис можеби сака да се изнајде и da se постигне решение, за жал почна да се изнесува чудни предлози. Неговиот став почна да се поместува кон популистички политики. Ние активно ги следиме случувањата, но за жал Кипарско грчката страна повторно почна да со занемарување.



Слични вести