Ердоган денес ќе отпатува во посета на Кина

Ердоган во главниот град Пекинг на 14 мај ќе учествува на Меѓународниот форум за соработка и дијалог

730812
Ердоган денес ќе отпатува во посета на Кина

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денес ќе отпатува во официјална посета на Кина.

Ердоган во главниот град Пекинг на 14 мај ќе учествува на Меѓународниот форум за соработка и дијалог.

На 15 мај претседателот Ердоган ќе учествува и ке има обраќање на лидерската тркалезна маса во Пекинг. Ердоган во Пекинг ќе одржи низа средби со останатите светски лидери кои ќе учествуваат на форумот.

Инаку на Меѓународниот форум за соработка и дијалог во Пекинг се очекува учество на Генералниот секретар на ОН, на виски претставници од Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд, како и претседатели на држави или на влади од 28 земји, над 250.

Претседателот ердоган по посетата на Кина ќе отпатува во посета на САД.

Ердоган во официјална посета на САД ќе престојува од 15 до 17 мај.

Претседателот Ердоган во Вашингтон ќе биде примен од страна на претседателот Доналд Трамп.

Во програмата на претседателот Ердоган во САД меѓу другите се предвидени средби со тинк танк асоцијации и бизнисмени.

 

 



Слични вести