Премиерот Бинали Јилдирим престојува во посета на Лондон

Турција и Британија навлегуваат во период на подобрување на меѓусебните односи.

730020
Премиерот Бинали Јилдирим престојува во посета на Лондон

Премиерот Бинали Јилдирим престојува во посета на Лондон

Премиерот Јилдирим одржа средба со претставници на турската заедница во Британија и во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека двете земји навлегуваат во период на подобрување на меѓусебните односи.Јас сум сосема уверен во тоа дека Британија навистина покажува големо интересирање за тоа.

Јилдирим додаде дека остварил многу важна и плодна средба во Бакингамската Палата во Лондон со Војводата од Јорк Принцот Ендрју.

Нагласувајќи дека сега откога Британија се одлучи да ја напушти Европската Унија се појави потреба од воспоставување на нови механизми за унапредување на билатералната соработка со Турција. Двете земји започнаа да соработуваат во одбрамбената индустрија, и тоа за производство на најнов модел на воен авион.Освен тоа констатиравме дека постојат можности за соработка и во сферите како што се енергијата, информатиката и туризмот. Паралелно со унапредувањето на билатералните односи ќе се појават заеднички согледувања и за одредени регионални и меѓународни прашања, како и можности за заедничко делување, додаде премиерот Јилдирим.

Турција се наоѓа во исклучително тешко опкружување, преполно со нови настани и случувања, како што е на пример сирискиот конфликт кој ете веќе навлезе во 6 година,потоа нестабилниот регион на Блискиот исток итн.

Осврнувајќи се на растечките појави на расизам и нетрпеливост па дури и непријателство кон странците во Европа премиерот Бинали Јилдирим истакна дека, Турција секогаш ги подржува своите граѓани во странство, и дека тоа ќе го прави безрезервно и во иднина.

 



Слични вести