Ердоган,очекувме од нашите сојузници да застанат покрај нас

Ердоган истакна дека успешното реализирање на воената операција Штитот на Еуфрат покажа дека нема потреба од соработување со други организации во борбата против терористичката организација ДЕАШ

729984
Ердоган,очекувме од нашите сојузници да застанат покрај нас

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека успешното реализирање на воената операција Штитот на Еуфрат од страна на турските вооружени сили во Сирија  јасно покажа дека нема потреба од соработување со други организации во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Претседателот Ердоган приреди заедничка конференција за печатот со претседателот на Сиера Леоне, Ернест Баи Корома кој допатува во официјална посета на Турција.

Ердоган на конференцијата се задржа на одлуката на американската администрација за пружање оружана поддршка на организацијата ЈПГ/ПЈД во Сирија инаку продолжено крило на терористичката организација ПКК во северот на Сирија и рече:Секој настан во Сирија и во Ирак не засега и нас и претставува прашање на нашата безбедност. Ние очекуваме од нашите сојузници не да застанат покрај терористичките организации,туку покрај нас. Борбата против терористичката организација ДЕАШ со помош и поддршка на друга исто така терористичка организација нема да успее.Јас со тоа ќе го запознам и мојот ценет американски колега Доналд Трамп на нашата заедничка средба на 16 мај во Вашингтон.Истото мислење нешто потоа ќе го искажам и на самитот на НАТО во Брисел.

Денешната ситуација во Сирија е резултат на погрешните чекори од порано.Ние секогаш велевме дека сме против поделбата на Сирија.Јас пак велам дека сирискиот конфликт може да се реши само со разум и соработка и се надевам дека што поскоро ќе ги согладема и ќе се откажеме од грешките од порано.

 



Слични вести