Турција нема да биде индиферентна наспроти убиството и масакрите на невините луѓе во Палестина

Израелските војници омразата и непријателството кон Палестинците го покажаа со убиството на младата Фатма

729200
Турција нема да биде индиферентна наспроти убиството и масакрите на невините луѓе во Палестина

Потпретседателот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш рече дека Турција нема да биде индиферентна наспроти израелската окупација и зулумите на окупираните палестински територии.

Во пораката преку профилот на социјалните медиуми, Нуман Куртулмуш го истакна следното:

Целиот свет да биде индиферентен, Турција никогаш нема да биде индиферентна наспроти убиството и масакрите на невините луѓе во Палестина.

Израелските војници кои не познаваат никакви граници во окупацијата, неправдата и неморалното однесување, омразата и непријателството кон Палестинците го покажаа со убиството на младата Фатма.

Потпретседателот на Валдата Куртулмуш во продолжение рече: Низа Фатми ќе продолжат да се спротивставуваат на окупацијата и ќе дојде ден кога ќе завршат зулумите.

16 годишната Фатма Хаџиџи на 7 мај немилосрдно беше убиена во Источен Ерусалим од страна на 5 израелски полицајци на растојание само од 10 метри и тоа во позиција која не предизвикуваше никаква опасност за полицајците. Но и покрај тоа, младата Фатма беше изложена на немилосрдниот и интензивен оган на израелските полицајци. Во телото на Фатма имаше 20 куршуми.

Министерството за надворешни работи на Палестина соопшти дека пукањето во младата девојка Хаџиџи додека се наоѓаше на земја во лежечка позиција како и недозволувањето на влезот на амбулантната кола, се коси со меѓународните закони.



Слични вести