Ердоган по телефон му честиташе на Макрон за победата

Изборните резултати во Франција ја зголемија надежта за иднината на ЕУ.

728285
Ердоган по телефон му честиташе на Макрон за победата

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган му честиташе на победникот на претседателските избори во Франција Емануел Макрон.

Според извори од претседателскиот кабинет, претсдетаелот Ердоган по телефон го побара новоизбраниот претседател на Франција Емануел Макрон и му честиташе за победата.

Претседателот Ердоган на разговорот посочи дека изборните резултати во Франција ја зголемија надежта за иднината на ЕУ.

Претседателите Ердоган и Макрон постигнаа согласност за одржување тета тет средба на претстојниот Самит на НАТО на 25 мај во Брисел и потенцираа на решителноста на Турција и Франција за унапредување и зајакнување на меѓусебните односи.

Ердоган и Макрон се осврнаа и на потребата за надминување на тешкотиите и пречките во односите меѓу Турција и ЕУ.



Слични вести