Делегација на Министерството за правда во посета на Вашингтон

На разговорите беа разменети мислења во врска со техничките детали за екстрадицијата на Ѓулен

729238
Делегација на Министерството за правда во посета на Вашингтон

Делегацијата на Министерството за правда предводена од министерот за правда на Турција Бекир Боздаг која престојува во посета на САД, со американските колеги одржаа средба во врска со процесот на екстрадиција на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Според соопштението кое беше објавено од страна на Министерството, заменик генералниот директор на Управата за меѓународно право и надворешни односи при Министерството за правда Фарис Карак, средбата на делегацијата со американските надлежни во Вашингтон траеше четири часа.

На средбата учествуваа и тројца јавни обвинители на Републичкото јавно обвинителство на Анкара кои учествуваат во истрагата против терористичката организација ФЕТО.

На разговорите беа разменети мислења во врска со техничките детали за екстрадицијата на Ѓулен и турската страна согласно правните норми американските колеги ги информираа за случувањата.



Слични вести