Турција важен фактор за безбедноста на Европа

Премиерот Бинали Јилдирим говореше на отворањето на 13. Меѓународен саем на одбранбена индустрија ИДЕФ во Истанбул

728908
Турција важен фактор за безбедноста на Европа

„Никогаш со симпатии не гледавме ниту на една терористичка организација, а неблагонаклоно гледаме на оние кои симпатизираат некои терористички групи“, порача  премиерот Бинали Јилдирим во обраќањето на отворањето на 13. Меѓународен саем на одбранбена индустрија ИДЕФ во Истанбул.

Јилдирим иво продолжение истакна дека Турција придава приоритетна важност на зачувувањето на безбедноста на своите граници, територијален интегритет и безбедноста на луѓето и имотот, и дека иста важност Турција придава и на зачувувањето на тие вредности во сите други земји.

„Безбедносната политика ја засноваме на заштита на животот и човекот. Паралелно со зачувувањето на безбедноста во земјата, ние ги раширивме рацете и примивме милиони загрозени лица од војната, а тоа е пример за солидарност и за начинот на кој би требало да се угледа целиот свет“, изјави Јилдирим.

Турција и според официјалните податоци на ОН е земја што згрижува најголем број бегалци,рече премиерот Јилдирим и додаде дека земјата воедно води и политика на соработка со сите пријатели во борбата против тероризмот.

 



Слични вести