Ердоган: Ерусалим, првата Кибла на Муслиманите е најсветото место и чест на сите Муслимани

Ердоган говореше на отворањето на Меѓународниот Форум посветен на Ерусалим во конгресниот центар Халич во Истанбул

728389
Ердоган: Ерусалим, првата Кибла на Муслиманите е најсветото место и чест на сите Муслимани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека првата Кибла на Муслиманите,Ерусалим е најсветото место и чест на сите Муслимани.

Ердоган говореше на отворањето на Меѓународниот Форум посветен на Ерусалим во конгресниот центар Халич во Истанбул и рече: Поаѓајќи од одговорноста која произлегува од нашата вера и од нашата историја ние посветуваме големо внимание на Ерусалим, на неговата кауза и на праведната борба на нашите палестиснки браќа.Вложуваме напори Ерусалим пак да се претвори во мирен и безбеден град. Се додека не се постигне праведно решение за палестинското прашање се дотогаш нема да се обезбеди мир и стабилност во поширокиот регион.За да се постигне тоа пред се треба да се почитуваат меѓународните правни норми и на меѓународните одлуки.“

Ердоган во продолжение се осврна на значењето на градот Ерусалим за Муслиманите и повика на почесто посетување на џамијата Месџиди Акса во Ерусалим.

Потсетувајќи дека се уште во собраниска процедура во израелскиот Кнесет се наоѓа предлог законот за укинување на читањето на езанот од џамиите во Ерусалим,претседателот Ердоган рече: Дури и самиот тој предлог е за секаква осуда и претставува вистиснки срам.Сите тие средини кои во секоја прилика ни држат лекции за слободата на вероисповеста, сега молчат пред еден ваков срамен закон, па дури и пред неговото изгласување во Кнесетот. Нема да дозволиме да замолкне езанот во Ерусалим.

Во продолжение претседателот Ердоган го постави прашањето : Ако имате верба во вашата вера тогаш зошто се плашите од слобадата на вероисповеста? Ние немаме таков проблем,ние имаме доверба во нашата вера. Така да воопшто не се плашиме од било која друга вера. Јас ги прашувам израелските раководители, Зошто се плашат од читањето на езаните ако имаат верба во својата вера?  

Во продолжение од својот говор претседателот Ердоган рече дека секое злодело кое нема да биде казнето станува посилно. Тоа е случај и со израелските власти кои не одговараат за злоделата извршени во окупираните палестински територии.Се додека израелските власти не одговараат за сторените дела нема да има мир на Блискиот Исток. Израел со силата која ја добива од разни средини со решителност и со инат продолжува да не го почитува правото.

Најдобро решение за Блискоисточната криза ќе биде формирање на самостојна и независна биполарна држава со граници од 1967 година со главен град Источен Ерусалим,подвлече претседателот Ердоган.

Ердоган додаде дека сосема е погрешна одлуката на американските власти за преместување на нивната амбасада во Ерусалим.

На крајот од говорот претседателот Ердоган рече дека, политичкиот документ што го прогласи Хамас претставува важен чекор напред како од аспект на палестинското прашање така и од аспект на преговорите меѓу Хамас и Ел Фетих.

 



Слични вести