Чавушоглу одржа телефонски разговор со Тилерсон

На разговорот меѓудругото беа разменети мислења во врска со подготвителните активности пред претстојната посета на претседателот Ердоган на САД

728577
Чавушоглу одржа телефонски разговор со Тилерсон

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу одржа телефонски разговор со американскиот државен секретар за надворешни односи Рекс Тилерсон.

Според дипломатски извори, на телефонскиот разговор кој се одржа на барање на американскиот државен секретар Тилерсон беа разменети мислења во врска со подготвителните активности пред претстојната посета на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на САД планирана за идната недела.

На разговорот меѓудругото беа разменети мислења и во врска со случувањата во Сирија како и процесот на мировни преговори во Астана.



Слични вести