Турција секогаш го почитува правото на слободно зборување и изразување и мисла

Во средините каде што идеите не можат да се дискутираат слободно, таму стапува насилство

Турција секогаш го почитува правото на слободно зборување и изразување и мисла

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција секогаш го почитува правото на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување како и мисла но под услов и другите да ги почитуваат истите.

Во препораката до младите да се надоградуваат, претседателот Ердоган за извор посочи на книгите.

Во говорот на свеченото доделување на наградите на Меѓународниот отворен дебатен турнир во Истанбул, претседателот Ердоган рече дека младите кои што не се способни знаењето да го изнесат со говор и комуникација, тешко можат да ги постигнат предвидените цели. Дебатирањето е уметност на ефикасно користење на знаењето, а не непотребно полемизирање.

Додека бев ученик во медреса, учествував на дебатни натпревари потсети претседателот Ердоган и рече дека во рамките на двогодишното учество по ред на дебатните натпревари на кои учествуваа ученици од 57 гимназии, успеавме да бидеме шампиони.

Ние секогаш го браниме и почитуваме правото на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување, рече претседателот Ердоган и потенцираше:

Во средините каде што идеите не можат да се дискутираат слободно, таму стапува насилство. Затоа ние секогаш го почитуваме правото на слободно зборување и изразување без цензура или ограничување  како и мисла но под услов и другите да ги почитуваат истите. Во последните 14 години ние ги укинавме забраните во врска со употребата на тастатурите, таблите, зборовите. Децениските забрани кои не униформираа во нашите погледи ги укинавме и го отворивме патот на нови идеи како културно богатство на земјата.

Нам не ни требаат неписмени и неуки млади, кои што ќе ни веруваат без да поставуваат прашања, туку едуцирани и опремени млади кои што знаат во што веруваат, што бранат, за што се борат.

Ноќта на 15 јули, кога фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ се обиде да изврши воен удар, имавме можност да видиме дека младите кои ги поседуваат овие особини, кога ќе затреба, без колебање се спремни да ги жртвуваат своите животи за земјата, нацијата, независноста и подобра и посветла иднина., рече Ердоган.

По се изгледа дека сите они кои што во изминатите 30 години се насочија кон хуманото искуство на земјава, гледајќи во масата која што успеаја да ја регрутираат за своите цели, почнаа да се преувеличуваат. Нашиот народ со својот храбар став им покажа дека тие не се џинови, туку муви, рече Ердоган.



Слични вести