Турските вооружени сили ги уништија складиштата за оружје и муниција на ПКК во Бејтушебап и Силван

Во рамките на операциите во подрачјето кое се простира од планината Инџебел до Kато беа утврдени 25 пештери на терористите

Турските вооружени сили ги уништија складиштата за оружје и муниција на ПКК во Бејтушебап и Силван

Турските вооружени сили ги уништија складиштата за оружје и муниција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Бејтушебап и Силван.

Во операциите во кои во еден потфат беа запленети најголема количина намирници и муниција, исто така беше нанесен тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

19 дена како трае операцијата „Шехид жандармериски мајор Ахмет Кахраман-2“ на Турските ввооружени сили против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во рамките на операциите во подрачјето кое се простира од планината Инџебел до Kато беа утврдени 25 пештери на терористите.

Во пештерите беа запленети голем број оружје и муниција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во операцијата беа запленети 444 пушки од типот калашников, 46 Г-3, 15 БИКСИ и 2 МГ3 митралези, 2 митраљези ДШК, 5 гранати, 10 минофрлачи, 1 снајпер, 4 противоклопни оружја од типот LAW, 12 минофрлачи.

Голема е и количината на муницијата која беше запленета.

Во операцијата беа запленети над 130 илјади куршуми за пушки и митралези, 7 300 куршуми за митраљезите ДШК, 1000 противавионски гранати 259 минофрлачки гранати, 2 ракети, 395 рачни бомби, 400 детонатори, муниција за противпешадиски минофрлачи, 16 противтенковски мини, 10 димни бомби и 4 и пол тони амониум нитрат експлозив.

Меѓу останатата електронска опрема на терористите која што беше запленета во операциите се наоѓаат и голем број компјутери, фотографски апарати, ноќни дурбини, безжични радиостаници, телевизори, хард дискови.

Меѓу останатата опрема која што беше запленета се наоѓаат и голем број прехранбени производи, илјадници облеки и здравствени производи и лекови.

За уништување на пештерите се употребуваат 8 булдожери, 3 багери, и други различни градежни машини.

Турските вооружени сили продолжија со успешните операции против терористите и во Силван кај Дијарбакир.

Во рамките на операцијата „Бајрак-51“ во руралното подрачје на Силван беа пронајдени еден противавионски митралез од типот ДШК, еден снајпер закопани во земја.

Во една куќа беа пронајдени 4 пешадиски пушки, 1 револвер, 69 куршуми за митралезите ДШК, 2 057 куршуми за митралезите БИКСИ, вкупно 3 311 куршуми.

Продолжуваат операциите на Турските вооружени сили против сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК во Силван.



Слични вести