Ердоган утре во посета на Кувајт

Ердоган ќе учествува на свеченоста по повод фрлање на темели на нов патнички терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт

Ердоган утре во посета на Кувајт

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган утре ( 9 мај вторник) ќе отпатува во посета на Кувајт.

Ердоган ќе учествува на свеченоста по повод фрлање на темели на нов патнички терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт, кој инаку го изгради една турска градежна компанија.

Претседателот Ердоган настанот ќе го искористи за билатерални средби и разговори со претставниците на кувајтските власти.

Ердоган ќе биде примен од страна на шејхот Сабах ал Ахмед ал Џебир ал Сабах со кого ќе води посебен разговор.

Се очекува во разговорите на претседателот Ердоган главен акцент да биде ставен на актуелните билатерални и регионални прашања.

Инаку се очекува официјалната посета на претседателот Ердоган на Кувајт да биде уште една во низата успешни посети на оваа земја со која Турција негува добри  и пријателски односи.

 

 



Слични вести