Бинали Јилдирим,ќе останам забележан како последен премиер на Турција

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека со новиот систем единството и територијалниот идентитет на Турција ќе бидат трајни

Бинали Јилдирим,ќе останам забележан како последен премиер на Турција

 

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека со новиот систем единството и територијалниот идентитет на Турција ќе бидат трајни.

Јилдирим на враќање од Молдавија се задржа во разговор со новинарите известувачи кои го пратеа на ова патување и рече дека после воведувањето на претседателскиот систем во Турција, тој ќе ја напушти финкцијата премиер и ќе остане забележан како последен премиер на Република Турција. Јас сум сосема мирен и спокоен поради тоа бидејќи знам дека новиот систем ќе значи компромис а не криза,подвлече Јилдирим.

Премиерот Јилдирим се осврна и на подготовките за вонредниот конгрес на Партијата на правдата и развојот кој што се очекува на 21 овој месец и рече дека на конгресот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе му биде понудено пак да застане на чело на партијата.

Осврнувајќи се на планот за воспоставување на безбедносни зони во Сирија кој беше прифатен на самитот во Астана, главен град на Казахстан, премиерот Јилдирим рече дека доколку планот се покаже како успешен истиот ќе може да се прошири на на останатите подрачја така да се надевмае дека овој план ќе функционира и ќе резултира со успех.

Јилдирим беше категоричен во оценката дека нема да се дозволи на ниту една терористичка организација вклучително и на ЈПГ,која претставува продолжено воено крило на ПКК да се прошири во северот на Сирија.

Премиерот Бинали Јилдирим се задржа на претстојната официјална посета на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на САД на 15 мај годинава и рече дека приоритетно прашање во разговорот Ердоган-Трамп во Америка ќе  биде ситуацијата во Сирија.

Ние уште од почетокот сосема јасно и децидно велиме дека за нас ЈПГ-ПЈД се терористички организации и мислиме дека е погрешно САД инаку нашиот сојузник да соработува со оваа терористичка организација во борбата против ДЕАШ во Сирија. Нашиот предлог е ние да соработуваме со Америка во однос на истото прашање. Тие ни одговараат дека се уште не донеле одлука за тоа.подвлече премиерот Јилдирим.

 



Слични вести