Ердоган, сакаме да ги придобиеме сите 80 милиони жители на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа говор на свеченото отворање на Младинскиот Фестивал Истанбул

Ердоган, сакаме да ги придобиеме сите 80 милиони жители на Турција
recep tayyip erdoğan, gençlik fesitvali.jpg
erdoğan, gençlik fesitvali.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа говор на свеченото отворање на Младинскиот Фестивал Истанбул што се одржа во Јеникапи.

Ердоган во говорот се задржа на реакциите во земјава и во светот по уставниот референдум од 16 април годинава и рече дека спротивно на шпекулативните тврдења никој во Турција не е изолиран од страна на властите. Ние вложуваме напори за да ги придобиеме сите 80 милиони жители на Турција.Убеден сум во тоа дека ќе успееме. Тие што денеска не се со нас ,утре може да ни се придружат. Ке се трудиме и нив да ги придобиеме, подвлече претседателот Ердоган.

Во дел од својот говор претседателот Ердоган се задржа на борбата против тероризмот и рече: Ако и понатаму продолжуваат да ни предизвикуваат проблеми може да им приредиме непријатно изненадување. Секој треба да си го знае местото, и никој не ќе може да му наштети на народот во рамките на границите на државата.

Нешто потоа претседателот Ердоган го заобиколи штандот на спортскиот клуб Фенербахче “Целта ни е 1 милион членови“.

Ердоган во обиколката на штандот го придружуваа претседателот на спортскиот клуб Фенербахче Азиз Јилдирим и фудбалерите Волкан Демирел и Муса Сов.

 



Слични вести