Судири со терористите во Чукурџа кај Хакќари
Турските борбени авиони извршија напад на руралното подрачје на Чукурџа и северот на Ирак, подрачјето Зап

Во судирите на турските војници со терористите на ПКК кои се обидоа да се инфилтрираат во воената база во Чукурџа кај Хакќари беа повредени 7 турски војници.
Во соопштението кое беше објавено од страна на Губернијата на градот беше истакнато дека во државната болница во Хакќари продолжува хоспитализацијата на 7 турски војници од кои еден беше потешко повреден.
Во судирите беа елиминирани 2 терористи.
Турските вооружени сили соопштија дека во рамките на операцијата на руралното подрачје на Чукурџа и северот на Ирак, подрачјето Зап која беше подржана и од воздух, уништија 4 позиции и 2 пештери и скривници на терористите.
Според известувањето кое беше објавено од страна на Турските вооружени сили, во рамките на операцијата која беше подржана и од воздух во утринските часови беше утврдено дека група терористи се подготвувале да извршат напад на околината на базата во Чукурџа.
Врз база на тоа, борбените авиони на Командата на воздушните сили извршија воздушна операција на руралното подрачје на Чукурџа и северот на Ирак во подрачјето Зап.
По успешната задача, борбените авиони безбедно се вратија во базата.
Слични вести

Ердоган: Во периодот „Ковид-19“ од 142 земји се донесени на лекување во Турција повеќе од 100 илјади наши граѓани
