Ердоган го информираше Путин за фотографирањето на руските војници со ЈПГ

Путин на средбата рече дека нивните војници не можат да учествуваат во една ваква активност и дека ќе го испита случајот

Ердоган го информираше Путин за фотографирањето на руските војници со ЈПГ

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган загриженоста по повод фотографирањето на руските војници со приврзаниците на терористичката ЈПГ фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија му ја пренесе на рускиот претседател Владимир Путин.

На враќање од посетата на Сочи, претсдетаелот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган рече рускиот претседател Путин на средбата рекол дека нивните војници не можат да учествуваат во една ваква активност и дека ќе го испита случајот. Претстојниот процес е во надлежност на рускиот претсдетаел Путин, рече Ердоган.

Во врска со процесот за формирање посебна држава на северот на Ирак и рускиот претседател Путин нема срдечен став, рече Ердоган и потенцираше дека моментално Идлиб и пет посебни подрачја се предлагаат за безконфликтни зони. Се надевам дека во случај да се обезбеди формирањето на овие зони, тогаш околу 50 насто од проблемите во Сирија ќе се решат, рече Ердоган.

Во рамките на претстојниот форум „Појас и пат“ кој се предвидува да се одржи во Кина на 14 и 15 мај, на кој ќе учествуваат кинескиот и рускиот претседател, планираме да одржиме тројна средба.

Од друга страна пак, претседателот Ердоган додаде дека постои можност рускиот претседател Путин да учествува на претстојниот самит на Организацијата за Црноморска економска соработка кој се планира д асе одржи на 22 мај во Турција.



Слични вести