Стартува средбата Ердоган - Путин

Чекорите што ќе ги фрлат Турција и Русија, ќе ја определат судбината на регионот

Стартува средбата Ердоган - Путин

Чекорите што ќе ги фрлат Турција и Русија, ќе ја определат судбината на регионот, рече претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Ердоган пред тета тет средбата со рускиот колега Владимир Путин во претседателската резиденција во говорот што го одржа рече:

Сакам да изразам посебна благодарност на почитуваниот пријател на поканата која обезбеди да се состанеме на едно од крајбрежјето на Црното море.

Руската Федерација и Турција ќе изнајдат можности за сеопфатно разгледување на билатералните односи и регионалните проблеми.

Поминуваме низ период кој сноси значајна одговорност. Верувам дека чекорите што ќе ги фрлат Русија и Турција, ќе ја променат судбината на регионот.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека односите меѓу Турција и Русија имаат посебен карактер. Јас искрено му се заблагодарувам на претседателот Ердоган кој се одзва на поканата и допатува во посета на Сочи. Напшите меѓусебни односи продолжуваат да се развиваат според постигнатиот договор. Во рамките на работната атмосфера во која што ќе се состанеме на средбата, ќе размениме мислења во врска со билатералните и актуелните прашања како што е кризата во Сирија. Чувствувам посебно задоволство што имам да повторно да се состанеме рече Путин.

Почитуван претседател, ја користам оваа прилика уште еднаш да подвлечам на значењето на нашите средби, особено по процесот на нормализирањето на турско-руските односи дека имаат посебен карактер. Добредојодовте во Русија, рече Путин.

Рускиот претседател Путин на претседателот Ердоган му честиташе за успешниот исход и победата на референдумот за уставни промени на 16 април и потенцираше дека поволниот развој на внатрешната политика, позитивно ќе се одрази и врз турско – руските односи. Бидејќи повеќето од одлуките што ќе ги усвоиме заедно и кои имаат стратешко значење, ќе треба да се ратификуваат и од страна на вашиот парламент, рече Путин.



Слични вести