Денес претседателот Ердоган ќе отпатува во посета на Сочи

5-та средба меѓу делегациите на Турција  Русија по кризата со соборувањето на рускиот авион во ноември 2015 година

Денес претседателот Ердоган ќе отпатува во посета на Сочи

5-та средба меѓу делегациите на Турција  Русија по кризата со соборувањето на рускиот авион во ноември 2015 година кој го прекрши турскиот воздушен простор.

На специјална покана на рускиот претседател Владимир Путин денес претседателот Реџеп Тајип Ердоган ќе отпатува во посета на Сочи.

По средбите во Санкт Петербург, Кина, Истанбул и Москва, денешната средба меѓу Ердоган и Путин во Сочи ќе биде многу критична.

Досега беа одржани низа средби меѓу претставниците на двата значајни актери на регионот на ниво на премиери, влади и високи делегации на кои беа разменети мислења во врска со кризата во Сирија и со цел да се надминат тешкотиите, а исто така беа фрлени и значајни чекори во полето на земјоделството и туризмот.

Желбата за враќање на нивото на билатералните трговски односи на нивото од пред кризата со соборувањето на рускиот авион, покрај тоа што честопати се изнесува од страна на двајцата лидери и високите бирократи на двете земји, не може да се каже дека истата желба се одрази и врз другите слоеви.

Тешкотиите во врска со добивањето дозволи за работа на турските граѓани кои живеат во Русија и се бават со Трговија, забраните во врска со издавање визи и активностите на турските компании и покрај повикот на рускиот претседател Владимир Путин на 6-от Самит на Турско-рускиот совет за висока соработка кој се одржа на 10 март дека Русија ќе ги укине забраните за турските граѓани, за жал сеуште целосно не се укинати санкциите и забраните за турските земјоделски производи.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Алексеј Мешков во минатонеделната изјава за печатот рече дека се спремни да го олеснат визниот режим за турските граѓани во одредени категории.

Рускиот вицепремиер Аркадиј Дворковиќ во неодамнешната изјава во врска со забраната за земјоделските производи рече дека по средбата со вицепремиерот Мехмет Шимшек во април во Москва, во претстојните денови ќе завршат со проценката на меѓусебните консултации и изрази надеж дека наскоро ќе се надминат проблемите во врска со руските земјоделски производи.

Во меѓувреме, покрај забраните кои продолжуваат, се забележува подобрување во економските односи меѓу двете земји.

Според податоците на Турскиот завод за статистика, во првиот квартал годинава во извозот на Турција во Русија во споредба со истиот период во  2016 година беше забележан пораст од 40,9 насто и достигна 498,1 милион долари. Увозот од Русија во истиот период достигна пораст од 11,5 насто и 4.4 милијарди доалри. Најголемата причина за порастот на увозот е студената зима и тешките зимски услови поради што дојде до зголемување на увозот на природниот гас до 2 милијарди 500 милиони тони.

Турција како значајна земја увозник на земјоделските производи на Русија, лани од оваа земја увезе 4,7 милиони тони житни култури и производи.

И натаму продолжува руската забрана за увоз на пилешко месо, месо од мисирка, домати, краставички, туршија, грозје, јаболка, круши и јагоди од Турција. Последниот позитивен настан кој беше доживеан на тоа пое беше тврдењето дека Турција забраната ја надмина со зголемување на даночните стапки на пченицата и пченката од 130 насто, оризот со 45 насто, сончогледово масло од 36 насто, 13,5 насто на сончогледовите пулпи и 9,7 насто на мешункастите производи.

Рускиот министер за земјоделство Александр Ткачев рече дека се приближуваат кон договор со Турција во врска со земјоделските производи кој ќе ги задоволи двете страни и дека продолжуваат средбите со турските власти, изразувајќи надеж дека на крајот ќе преовлада логиката.



Слични вести