Нападната зградата на Турскиот Генерален Конзулат во Цирих
Група маскирани лица искористувајќи го 1 Мај меѓународниот празник на трудот исцртале бои на Генералниот Конзулат на Република Турција во Цирих, Швајцарија

Уште еден напад во низата врз Турците и турските институции во Европа.
Група маскирани лица искористувајќи го 1 Мај меѓународниот празник на трудот исцртале бои на Генералниот конзулат на Република Турција во Цирих, Швајцарија.
Постојат сомневања дека напаѓачите кои биле околу стотина биле симпатизери на терористичката организација ПКК.
Групата маскирани лица истиот ден на автобуската постојка како и на ѕидот на една друга зграда во близина на конзулатот со црвена боја исцртале „Смрт на Ердоган“ на англиски јазик.
Зградата на Генералниот Конзулат на Турција во Цирих била празна по повод празникот 1 Мај, така да освен обезбедувањето немало никој во неа.
Генералниот конзул на Република Турција во Џирих Асије Нурџан Ипекчи во изјава за новинската агенција Анадолија истакнала дека веднаш по веста за инцидентот полицијата пристигнала до местото на настанот и моментално во тек е истрагата која ја води шварјцарската полиција. Ситуацијата моментално е мирна и нема потреба од паника, додала Ипекчи.
Слични вести

Ердоган: „Турција постигна напредок во сите области“
Сето она што постигнавме досега, го постигнавме заедно со народот

Лансиран домашниот сателит „АСЕЛСАТ 3U Cube“
Фотографиите и снимките коишто ќе се добијат со камерата ќе се преземат од страна на земјата станица