Ердоган до ЕУ: ако не ги отворите поглавјата ќе ви речиме збогум !

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со остри зборови кон ЕУ : Од сега натаму немате друг излез освен да ги отворите поглавјата кои се уште ги држите во фиока.Ако ги отворите  добро,ако не ги отворите збогум“

724419
Ердоган до ЕУ: ако не ги отворите поглавјата ќе ви речиме збогум !

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со остри зборови кон ЕУ : Од сега натаму немате друг излез освен да ги отворите поглавјата кои се уште ги држите во фиока.Ако ги отворите  добро,ако не ги отворите збогум“

Претседателот Ердоган кој повторно се зачлени во АКП партијата,зеде збор на неделната редовна седница на Партијата на правдата и Развојот што се одржа во седиштето во Анкара.

Турција истакна претседателот Ердоган се досега ги исполни сите критериуми кои ги бараше Европската Унија, така да дојде времето другата страна да ги исполни ветувањата кон Турција.

Ердоган истакна:

Надлежните на ЕУ ни испратиле порака,да се видиме на самитот на НАТО, треба да се укине вонредната состојба во земјата и.т.н.Ви се молам оставете го сето тоа, туку кажете ни што вие ќе направите.Јас ви велам,вие одете и кренете ја вонредната состојба во Франција. Значи Франција ќе може да воспостави вонредна состојба, ама Турција не ќе може.Може ли така? Првин вие ќе ги одржите вашите ветувања, ќе ги отворите поглавјата за преговори кои со месеци чекаат. Ако ги отворите добро, ако не ние ќе ви речеме збогум“.

Осудувајќи го нападот на зградата на Турскиот Генерален Конзулат во Цирих Швајцарија претседателот Ердоган се запраша:Каде беше швајцарската полиција. Ние на странските претставници кај нас гледаме како на наш аманет, но за жал не ја гледаме истата решителност кај другите.

Инаку групата напаѓачи кои истуриле боја врз зградата на Генералниот Конзулат на Република Турција во Цирих Швајцарија на ѕидот на една зграда малку подалеку напишале „Смрт на Ердоган „ на англиски јазик.

Сличен инцидент се случи во мај годинава пак во Швајцарија кога на еден плакат беше напишано „Убијте го Ердоган со неговото оружје“.

 

 



Слични вести