Руски воен брод после судир со товарен потона, екипата спасена

Руски воен брод потона после сударот денеска со еден цивилен товарен брод во водите на Босфор во Истанбул

721830
Руски воен брод после судир со товарен  потона, екипата спасена

Руски воен брод потона после сударот денеска со еден цивилен товарен брод во водите на Босфор во Истанбул.

Екипите за спасување успееја да ги спасат сите членови на екипажот на потонатиот брод.

Како што соопшти турската полиција, руски воен брод се судрил со цивилен товарен брод кој што пловел под знамето на Того. Товарниот брод бил долг 81 метар и пренесувал жива стока.

После повикот за помош на местото на сударот пристигнале екипи за спасување кои успеале да ги спасат сите 78 члена од екипажот на рускиот воен брод кој што тонел.

Нема потешко повредени морнари од рускиот воен брод.

 



Слични вести