Ердоган: Нема мир ниту стабилност во свет во кој што децата гладуваат.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими Мухаммед Абдулах Фермаку претседател на Сомалија кој допатува во официјална посета на Турција

721349
Ердоган: Нема мир ниту стабилност во свет во кој што децата гладуваат.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го прими Мухаммед Абдулах Фермаку претседател на Сомалија кој допатува во официјална посета на Турција.

Претседателот Ердоган приреди свечена церемонија за високиот гостин од Сомалија по што двајцата претседатели претседаваа со официјалните разговори меѓу двете земји на највисоко ниво.

Високите делегации на Турција и на Сомалија дискутираа за можности за соработка меѓу двете земји, за билатералните м регионалните и меѓународните прашања како и за соработка во сверата на културата и обновата.

После разговорите беа потпишани два договора за соработка и тоа договор за соработка во културата и договор за соработка во обновата.

После чинот на потпишувањето на договорите претседателите Ердоган и Фермаку приредија конференција за печатот.

Претседателот Ердоган го привлече вниманието на ставот на сомалискиот народ по обидот за воен удат на 15 јули минатата година и рече дека Турција и турскиот народ ја ценат поддршката на Сомалија и на сомалискиот народ и очекуваат таа да биде пример и за останатите земји. По мојата прва посета на Сомалија во 2011 година,рече претседателот Ердоган,Сомалија осетно се разви и се претвори во земја која иако изолирана од западниот свет,смело и решително чекори на патот кон својата стабилност.

Во Африка над 14 милиони од кои повеќето жени и деца гладуваат, но за жал повеќето развиени западни земји се прават како да не го гледаат тоа. Наспроти оние кои се прават како да не ги забележуваат маките на сиромашните,ние како Турција ќе продолжиме со нашата несебична поддршка,бидејќи нема мир ниту стабилност во свет во кој што децата гладуваат.

Претседателот Ердоган додаде дека во март годинава во Турција е покрената кампањата „ Биде и ти надеж за човештвото“ и дека преку оваа кампања Турската Црвена Полумесечина и АФАД -владин центар за раководење и интервенирање во елементарни непогоди и кризни ситуации, во соработка со ТИКА и граѓанските организации активно делува во регионот на Источна Африка каде им пружа секаква помош на загрозеното од глад и суша население.

Во првата фаза се предвидува во овој дел на Африка да се испрати помош од 15 000 тони,храна,лекови и средства за хигиена и тоа во текот на месезот Рамазан.

Но не е само тоа,додаде претседателот Ердоган, ќе го поттикуваме приватниот сектор да инвестира во овој дел на Африка, а ги повикуваме и нашите меѓународни партнери да го сторат истото.

Претседателот на Сомалија Фермаку и се заблагодари на Турција на поддшката и на помошта на неговата земја и на неговиот народ и рече дека Турција има голем придонес во обновата на неговата земја.

Претседателот Ердоган приреди свечена вечера во чест на претседателот на Сомалија Фермаку.

 

 



Слични вести