Продолжуваат воените операции против теорористичката организација ПКК

Во крајниот југоисток на Турција во околината на Ширнак само во последните 5 дена биле неутрализирани 40 терористи.

718961
Продолжуваат воените операции против теорористичката организација ПКК

Во рамките на воените операции на турските вооружени сили против терористичката организација ПКК во крајниот југоисток на Турција во околината на Ширнак само во последните 5 дена биле неутрализирани 40 терористи.

Турските вооружени сили од копно и од воздух ги гранатираат камповите на ПКК во месноста Беслер Дерелер.

Во рамките на овие операции биле запленети големи количини на муниција и храна.

Двајца терористи биле неутрализирани во околината на Кулп кај Дијарбакир.

Во пребарувањето во околината на Хакари,Битлис,Елазиг и Мардин во скривалиштата на терористите биле откриени и запленети големи количини на муниција,храна и материјали за секојдневна употреба.

Турските воени авиони ги бомбардираа позициите на ПКК кај Зап и Гара во Северот на Ирак.Биле  бомбардирани две пештери, две тајни скривалишта каде што биле уништени големи количини муниција и оружје.

Началникот на Генералштабот на Турските вооружени сили генерал на армија Хулуси Акар изјави дека се се одвива мошне добро во воените операции на турските вооружени сили против терористите на ПКК.

Генерал Акар ова го изјави на приемот во Собранието организиран од страна на претседателот Исмаил Кахраман а по повод 23 април ,одбележувањето на 97. годишнина од основањето на Националното Собрание на Република Турција и Ден на националниот суверенитет и меѓународен празник на детето.

Генерал Акар рече дека е задоволен од текот иод резултатите од воените дејствија на турските вооружени сили против терористите на ПКК во последните денови и додаде дека воената операција на армијата против терористите ќе продолжи се додека бидат уништени сите човечки и материјални ресурси на организацијата.

Акар нагласи дека армијата вложува напори да не дојде до било какво нарушување на животот на граѓаните од овој дел на Турција во моментите кога се реализираат воени активности против терористите.

 

 

 



Слични вести