Вонредната состојба во Турција продолжува уште три месеци

Собранието го одобри владиниот предлог за продолжување на внрдната состојба за уште три месеци

716128
Вонредната состојба во Турција продолжува уште три месеци

Владиниот предлог одобрение за продолжување на вонредната состојба од 01.00 часот 19 април за уште три месеци беше усвоен на седницата на Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција.

Потпретседателот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш како причина за продолжување на вонредната состојба на изнесе Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Се додека трае борбата против ФЕТО согледуваме дека соработуваат со низа други организации и лица кои не се определени, поради што чистењето на овие лица од државната структура претставува одговорност.

Нуман Куртулмуш потенцираше дека и покрај вонредната состојба во земјава, нормално продолжува секојдневниот живот на граѓаните.

На тој начин со одобрение и на Големото национално собрание на Турција, вонредната состојба која беше прогласена по обидот за воен удар на 15 јули, по трет пат се продолжува и ќе трае до 19 јули 2017.

Со ова продолжување, вонредната состојба во Турција ќе наврши една година.

Одобрението на Големото национално собрание на Турција за продолжување на вонредната состојба почнувајќи од денес (19 април), беше објавена во Службениот весник.



Слични вести