Силата на демократијата потекнува од народот и дека тоа е националната волја

Претседателскиот систем не е систем на Реџеп Тајип Ердоган

715944
Силата на демократијата потекнува од народот и дека тоа е националната волја

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека силата на демократијата потекнува од народот и дека тоа е националната волја.

Во интервјуто за „CNN International“ претседателот Ердоган направи осврт на резултатите од референдумот за уставни измени што се одржа во недела и телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во изјавата во врска со референдумот и обвинувањата за „диктатор“, претседателот Ердоган рече дека „овој систем не е систем на Реџеп Тајип Ердоган“.

Не е важно со колкав резултат ќе победите на натпреварот, дали тоа ќе биде 1-0 или 5-0. Важно е да победите. Одредени средини околу 15 години го употребуваат терминот диктатор. Во диктаторските системи нема претседателски систем. Во овој систем постои гласање и демократијата силата ја добива од народот. Тоа е националната волја. Новиот систем претставува пресвртница во историјата на демократијата на Турција, рече Ердоган.

Во освртот на новиот претседателски систем, Ердоган рече:

Јас сум обичен смртник и секој момент можам да умрам. Зарем може да се изготви систем за еден обичен смртник кој секој момент е изложен на смрт.

Во продолжение Ердоган рече дека американскиот претседател Доналд Трамп го побарал по телефон и му честитал за резултатите од референдумот и дека разговорот поминал поволно.

Со Трамп разменивме мислење да одржиме тета тет средба и дека во својство на две сојузнички земји можеме да изнајдеме и постигнеме решение на низа проблеми.

На претстојната средба што ќе ја одржиме во рамките на посетата на САД, ќе разговараме и за екстрадицијата на Фетучах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна држава структура ФЕТО/ПДЈ. Јас верувам дека во тоа дека САД ќе го екстрадира челникот на ФЕТО и сакам да ја сочувам оваа надеж, рече Ердоган.

Во освртот на односите меѓу Турција и ЕУ, претседателот Ердоган рече дека 54 години како не држат пред портата. ЕУ треба да ги одржи дадените ветувања на Турција како земја која одигра клучна улога во решавањето на кризата со бегалците и борбата против тероризмот, особено ветувањата во однос на визната либерализација и материјалната поддршка на бегалците.



Слични вести