Вонредната состојба се продолжува за уште 3 месеци

Почнувајќи од 01.00 часот на 19 мај 2017 година вонредната состојба ќе трае во следните 3 месеци

714917
Вонредната состојба се продолжува за уште 3 месеци

Вице премиерот и владин портпарол Нуман Куртулмуш после седницата на владата која заседаваше под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот дворец во Анкара одржа конференција за печатот на која ја извести јавноста дека на седницата било одлучено вонредната состојба која е сеуште во тек во Турција да продолжи за уште 3 месеци.

Почнувајќи од 01.00 часот на 19 мај 2017 година вонредната состојба ќе трае во следните 3 месеци.Сепак конечната одлука за тоа ќе ја донесе собранието,додаде Куртулмуш.

Осврнувајќи се на уставниот референдум што се одржа во неделата Нуман Куртулмуш рече дека демократијата е победникот, дека внимание привлекува високиот процент на излезност на избирачите над 85 насто,што може само да радува.

Наскоро додаде Куртулмуш, Државната изборна комисија ќе ги објави и официјалните резултати кои ќе бидат објавени во Службен весник на РТ.Тоа практично ќе значи дека од тој момент на сила ќе стапат 18 нови и изменети членови на Уставот на РТ.

Тоа истовремено ќе значи дека се укинува пречката пред претседателот Реџеп Тајип Ердоган за а биде примен во Партијата за правда и обнова,подвлече Куртулмуш.

 



Слични вести