Ердоган: Немојте да влегувате во трка за оцрнување на референдумот,нема да ви успее

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека уставниот референдум што на 16 април годинава се одржа во Турција беше најдемократскиот избор  досега не виден ниту во една западно европска држава

714996
Ердоган: Немојте да влегувате во трка за оцрнување на референдумот,нема да ви успее

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека уставниот референдум што на 16 април годинава се одржа во Турција беше најдемократскиот избор  досега не виден ниту во една западно европска држава.

Ердоган го истакна ова реагирајќи на извештајот на ОЕБС за уставниот референдум .

Претседателот Ердоган му порача на ОЕБС да си знае каде му е местото и додаде дека на Турција не и значат ништо исполитизираните извештаи на ОЕБС. Тие извештаи немаат апсолутно било какво значење за Турција и не се обвзувачки за нас.

Оваа држава, додаде претседателот Ердоган,  на 16 април годинава одржа референдум кој беше најдемократскиот избор  досега не виден ниту во една западно европска држава.Ги молам западните земји да не влегуваат во трка за фрлање сенка врз референдумот.Нема да ви успее.

Приближно 25.200.000 граѓани на Турција се изјаснија за уставните измени и тоа е тоа, тука е крајот на сите дискусии.Новините кои дојдоа со усвојување на уставните измени кои добија зелено светло од страна на граѓаните на референдумот од сега од овој момент ќе бидат во служба на народот. Време е сите заедно да се ориентираме кон иднината,истакна претседателот Ердоган.

Ердоган во продолжение го истакна и следното: Одредени запаедно европски држави силно се спротивставуваат на претстојните реформи во Турција, тие дури со коњи и кучиња се нафрлија на турските државјани кои имаа спротивно мислење од нивното.Сега истите тие средини се закануваат со прекин на пристапните преговори со Турција. Тоа веќе не е толку важно за нас. Чекаме ЕУ да донесе конечна одлука и да не извести за тоа. Ако сметаме дека е потребно може да одржиме референдум и за влезот на Турција во ЕУ. Народот е тој што ќе донесе одлука за тоа. 

Потсетувајќи дека ЕУ е страната која е дволична кон Турција претседателот Ердоган рече: Или веднаш ќе го одржат ветувањето дадено на Турција, или самите ќе се соочат со последиците од сопствената одлука. Ова работа не оди, така, со пружање под масата оружана и финансиска поддршка на терористичките организации и со нивно поттикнување против Турција.

 



Слични вести