Повик од ЕУ до Турција за постигнување компромис за имплементацијата на уставните измени

САД засега нема да објави некој коментар во врска со резултатите

714246
Повик од ЕУ до Турција за постигнување компромис за имплементацијата на уставните измени

ЕУ во врска со усвојувањето на уставните измени упати повик до турските власти да постигнат компромис за имплементацијата на измените кој ќе се базира на поддршката на широките народни маси.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, високиот претставник за надворешни односи и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и високиот комесар за проширување на ЕУ Јоханес Хан објавија писмено соопштение во врска со резултатите на референдумот во Турција.

Во соопштението беше изразена надеж и верување дека особено при имплементацијата на уставните измени, Турција како земја кандидат за полноправно членство во ЕУ и членка на Советот на Европа, ќе се раководи согласно обврските.

Гледано од аспект на блискоста на резултатите на референдумот, турските власти ги каниме да постигнат поддршка на широките народни маси при имплементацијата на предвидените уставни измени, беше истакнато во соопштението.

САД соопшти дека активно го проследи референдумот, но дека засега нема да објави некој коментар во врска со резултатите.



Слични вести