Ердоган положи венец на гробот на починатиот претседател Тургут Озал

Денес се навршуваат точно 24 години од смртта на претседателот Озал

714667
Ердоган положи венец на гробот на починатиот претседател Тургут Озал

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го посети и положи венец на гробот на починатиот претседател на Република Турција Тургут Озал во Топкапи ,Истанбул.

Денес се навршуваат точно 24 години од смртта на претседателот Озал.

Претседателот Ердоган го придружуваа претседателот на парламентот Исмаил Кахраман, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, портпаролот на кабинетот на претседателот на државата Ибрахим Калин, валијата на Истанбул Васип Шахин и синот на починатиот претседател Тургут Озал, Ахмет Озал.

Нешто потоа претседателот Ердоган ги посети спомен гробиштата каде што се закопани поранешниот премиер Аднан Мендерес кој беше осуден на смрт со бесење после воениот удар од 27 мај,како и министрите од неговиот период Фатих Рушту Зорлу и Хасан Полаткан.

Претседателот Ердоган го посети и гробот на поранешниот премиер Неџметтин Ербакан и се помоли за неговата душа.

 



Слични вести