Гласачките ливчиња без печати на Високиот изборен совет не се сметаат за невалидни

Тоа не е првпат гласачките ливчиња без печати да се примат за валидни

714210
Гласачките ливчиња без печати на Високиот изборен совет не се сметаат за невалидни

„Да“ на референдумот за уставните измени

Според неофицијални податоци, 51,4 насто од граѓаните гласаа „да“, додека 58,6 насто „против“.

Учеството на 55 милиони граѓани на референдумот во земјава изнесуваше 85,5 насто.

Најмногу избирачи во Бајбурт гласаа „да“, додека ви Тунџели „против“.

Во двата града просечно по околу 80 насто од граѓаните гласаа „да“ и „против“.

Од 3 милиони регистрирани гласачи во странство, 44 насто гласаа во гласачките кутии.

Според неофицијални податоци, 59 насто од гласачите од странство гласаа „да“.

Претседателот на Високиот изборен совет Сади Ѓувен во изјавата за печатот во врска со референдумот рече дека според последните податоци во 23.00 часот, 24 763 516 гласачи гласаа „да“, додека 23 511 155 лица гласаа „против“. Според овие резултати граѓаните на референдумот гласаа за уставните измени.

Сади Ѓувен истакна дека земајќи ги во предвид роковите за поднесување приговор на резултатите од гласањето, конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна за 12 дена.

Во врска со одлуката за валидноста на гласачките ливчиња на кои немаше печат на Високиот изборен совет и советот на гласачката единица и пликоата, односно се додека не се докаже дека биле донесени од надвор, Високиот изборен совет ќе продолжи да ги прима и ќе ги прифати гласачките кутии кои се запечатени од страна на советот на изборната единица и гласачката кутија, рече Ѓувен и потсети дека тоа не е прва имплементација да се примат гласачките ливчиња и пликоа за валидни.

Гласачките ливчиња без печати на Високиот изборен совет не се сметаат за невалидни, рече Ѓувен и потенцираше дека Високиот изборен совет усвои одлука според која ливчињата без печат ќе бидат валидни. Советот одлуката ја донесе едногласно пред резултатите од гласањето да бидат внесени во системот.



Слични вести