Резултатите од референдумот нека бидат аирлија за народот и државата

Ердоган по телефон ги побара премиерот Јилдирим и лидерите на партиите МХП, Бахчели и ББП, Дестиџи

713895
Резултатите од референдумот нека бидат аирлија за народот и државата

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ја почитува зрелоста на народот на референдумот на кој 25 милиони граѓани гласаа „да“ за уставните измени.

По завршувањето на одбројувањето на гласовите на референдумот, Ердоган на граѓаните им се обрати од Истанбул.

Народот излезе во пресрет во иднината рече Ердоган и потенцираше дека резултатите од референдумот покажаа дека Турција има сила да ги надмине сите тешкотии и кризи.

Турција на 16-ти април донесе историска одлика во врска со управниот систем, рече претседателот Ердоган и подвлече дека со измените во 18 членови на уставот ќе се обезбедат коренити измени.

Во писмената изјава што ја објави пред говорот, претседателот Ердоган посака резултатите од референдумот да биде аирлија за народот и земјата.

Претседателот Ердоган по телефон ги побара лидерите на партијата за правда и развој (АКП) Бинали Јилдирим, Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели и партијата за големо единство (ББП) и им честиташе за постигнатиот успех.

Првпат во историјата на републиката управниот систем се промени со цивилна политика, рече Ердоган и потенцираше дека од сојузниците и другите земји очекуваме да покажат иста чувствителност во меѓусебните односи.

Според неофицијални податоци, на гласањето за референдумот за уставните измени 51,3 насто од гласовите беа „да“.



Слични вести