Западните земји стравуваат од економскиот раст на Турција

САД не треба да го држи шарлатанот Ѓулен и да си предизвикува непотребна главоболка

713320
Западните земји стравуваат од економскиот раст на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека просечниот економски раст на Европа изнесува околу 1,9, додека на Турција 2,9. Затоа Турција ќе оди понапред.

Економијата на Турција ќе кулминира и ќе се искачиме на многу подвисоко ниво. Ние нема да ги суспендираме инвестициите, рече Ердоган.

Во интервјуто во живо за Турската радио телевизија ТРТ, претседателот Реџеп Тајип Ердоган одговараше на прашањата во врска со актуелните случувања на водителот на информативната програма Ерхан Челик.

Во врска со челникот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) Фетулах Ѓулен, претседателот Ердоган рече дека САД не треба да го држи овој шарлатан и измамник и да си предизвикува непотребна главоболка. Секако дека со шарлатанот се наоѓаат и неговите приврзаници. Таму го формирале својот штаб. Само од чартер улишитата (Charter School) имаат годишни приходи од околу 750 милиони долари. Сите тие се фиктивни приходи. Каде се трошат сите овие пари? Како што разбравме од досегашните информации, дел од нив одат на конгресмените, за што имаме докази и истите им ги доставивме на американските власти. Во врска со утврдените активноти на терористичката организација на надлежните органи на САД им доставивме околу 85 кутии полни со предмети. Покрај сите активности што ги презедовме, тера на размислување фактот дека против овој човек сеуште не се преземени никакви конкретни мерки за неговото притворање, потенцираше претседателот Ердоган.



Слични вести