Турција ќе постигне сериозен економски отскок

Европа се мобилизира со сите терористички организации против уставните измени,

712411
Турција ќе постигне сериозен економски отскок

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека во случај на референдумот на 16 април се изгласаат уставните измени, тогаш Турција ќе постигне сериозен економски отскок.

Во емисијата која истовремено се емитуваше од страна на 3 приватни ТВ-канали, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите.

Во освртот на референдумот за уставните измени кој ќе се одржи во недела, Ердоган рече дека се преземени сите безбедносни мерки.

Со новиот систем се предвидува бројот на пратениците во Собранието од 550 да се зголеми на 600 и на тој начин уште повеќе ќе зајакне Големото национално собрание на Турција.

Европа се мобилизира со сите терористички организации против уставните измени, рече Ердоган и потенцираше дека 16 април истовремено ќе бие силна порака на Европа. Доколку уставите измени се изгласаат од страна на народот, тогаш повторно ќе седнеме на преговарачката маса и ќе ги разгледаме односите со ЕУ.

Претседателот Ердоган потенцираше на значењето на 16 април и од аспект на борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО ќе продолжи и по референдумот.

Во врска со вонредната состојба во земјава, Ердоган рече дека кога ќе заврши временскиот рок, по потреба може повторно да се продолжи и за пример посочи на Франција.

Терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК им го загорчија животот на граѓаните во Југоисточна Анадолија. Ефективната борба против тероризмот вроди позитивни резултати и во областа дојде спокојство и мир. Владата вложи сериозни инвестиции во Југоисточна Анадолија, рече Ердоган.

Во операциите во последните 20 месеци беа неутрализирани над 10 илјада терористи. Терористичката организација ПКК исто како и ЕТА во Шпанија нема друго чаре освен да го положат оружјето, рече Ердоган и посочи дека со текот на времето областа ќе ја трансформираме во поволен центар за туризмот.



Слични вести