Турција има итна потреба од воздушен одбранбен систем

Новите операции ќе имаат влијание на одвраќање против режимот на Асад и спречување на новите масакри врз цивилите

712512
Турција има итна потреба од воздушен одбранбен систем
fikri ışık seta.jpg

Министерот за национална одбрана Фикри Ишик рече дека Турција има итна потреба од воздушен одбранбен систем и дека се наоѓаме на прагот на донесување конечна одлука во врска со одбранбените ракети С-400.

Во рамките на официјалната посета на САД, министерот Ишик во Пентагон во Вашингтон се состана со американскиот колега Џим Матис.

Главна тема на разговорите ба последните случувања во Сирија, особено операциите на критичните места како што се Рака и Мунбич.

Министерот Ишик американскиот колега Матис го потсети за црвените линии на Турција.

Ишик рече дека новите операции ќе имаат влијание на одвраќање против режимот на Асад и спречување на новите масакри врз цивилите.

Во говорот на панелот кој беше одржан од страна на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА), министерот Фикри Ишик се осврна на средбата со американскиот колега Матис и рече дека му рекол дека ПЈД е фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија и дека размениле мислења во врска со прашањето.

Турција не секоја платформа ја изнесува чувствителноста против ПЈД, рече Ишик и додаде дека Турција одржува контакти со претседателот Трамп во однос на прашањето.

Ишик рече дека моментално нема некоја прецизна одлука во врска со претстојната операција на Рака.

Ишик рече дека Турција има неминовна потреба од воздушно одбранбен систем наспроти заканите на кои е изложена. Се наоѓаме во последна фаза во врска со процесот со одбранбените ракети С-400. Конечната одлука ќе ја донесат претседателот и премиерот, рече Ишик.

Турција е земја членка на НАТО и секако дека приоритет е овој недостаток да се надмине во рамките на НАТО. Но откако беше утврдено дека не може да се надмине овој недостаток од страна на НАТО, Турција беше принудена да бара нови солуции. Одлуката во врска со ракетите С-400 не беше така лесно усвоена.

Министерот за одбрана Ишик во врска со американското гаѓање со ракети на воздушната база Шајрат рече дека храбрата одлука на Доналд Трамп пробуди големи симпатии во регионот. Нападот беше повод за зголемување на моралот и симпатиите. Договорот што го даде САД беше многу значаен и треба да продолжи. Камоли истото да можеше да го направи администрацијата на Обама пред три години кога режимот на Асад првпат почна да употребува хемиско оружје. Регионот немаше да се вовлече во толку голем хаос како што владее денес, рече Ишик.

Поддршката на Русија на режимот на Асад е неприфатлива рече Фикри Ишик и потенцираше дека во Сирија не може да се постигне решение со Асад. Со Асад единствено може да се постигне ќор-сокак.

Министерот Ишик подвлече на значењето на успехот на операцијата Еуфратски штит и рече дека во случај да се почувствува потреба и за исти цели, може да се изврши нова операција. Не сме затворени за веројатноста за нова операција.

Надовзрувајќи се на присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Синџар, министерот Ишик рече дека Турција нема да дозволи да се почувствува влијанието на оваа организација во подрачјето и дека покрај сите тешки услови, остро ќе продолжи борбата против ПКК.



Слични вести