Европските земји ги заострија сопствените прописи кога е во прашање тероризмот

Визната либерализација и договорот за реадмисија треба заедно да се разгледуваат.

712035
Европските земји ги заострија сопствените прописи кога е во прашање тероризмот

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик рече дека врз основа на заканата од тероризмот европските земји ги заострија сопствените прописи, но кога станува збор за истата закана на која е изложена Турција, тогаш се бара да ги олабави прописите.

Во интервјуто за еден приватен ТВ-канал Челик се осврна на визната либерализација за турските граѓани и потенцираше дека продолжуваат активностите на тоа поле.

Во врска со активностите ќе се поднесат и последните предлози. Турција продолжува да ја одржува поранешната позиција, рече Челик и потенцираше дека визната либерализација и договорот за реадмисија треба заедно да се разгледуваат.

Омер Челик потсети дека предлогот на ЕУ во врска со законот за борба против тероризмот предложиле да се пренесе на комисија составена од членовите на Европскиот совет и Турција.

Заканата од тероризмот прерасна во закана која секој изминат ден го зголемува своето ниво врз светот, рече Челик.



Слични вести