Турската дијаспора гласаше во 57 земји и 120 претставништва

Заврши гласањето за уставните измени за турските државјани во дипломатски конзуларните претставништва на Република Турција

709991
Турската дијаспора гласаше во 57 земји и 120 претставништва

Заврши гласањето за уставните измени за турските државјани во дипломатски конзуларните претставништва на Република Турција во странство.

Гласањето за уставните измени во Турција ќе се одржи на 16 април во недела.

На гласањето на дијаспората учествувале 1 милион 400 000 граѓани  во 120 дипломатско конзуларни претставништва во 57 земји.

Излезноста на гласањето изнесува 47 насто.

Комисија составена од претставници на Државната изборна комисија и од партиите отпатува за странство за да обезбеди гласачките ливчиња да бидат донесени во Турција и пребројани.

Во меѓувреме во тек е гласањето на граничните премини што ќе трае се до 16 април во недела до 17 часот.

 



Слични вести