Ердоган, Турција во секој поглед е безбедна земја

Од 2002 година од како што дојдовме на власт земјата ја претворивме во безбедно пристаниште истакна претседателот Ердоган во интервју за радио ТРТ

709871
Ердоган, Турција во секој поглед е безбедна земја

Претседателот Реџеп Тајип  Ердоган во интервју за радијата на јавниот сервис ТРТ изјави дека Турција во секој поглед е безбедна земја.

Осврнувајќи се на претстојниот референдум за уставни измени на 16 април претседателот Ердоган рече дека дел од европските земји во соработка со терористички организации прават се за овој референдум да не помине.

И сепаратистичко терористичките организации како што се ПКК и ФЕТО со своите пораки постојано се обидуваат да предизвикаат двоумење кај граѓаните, но тоа нема да им успее.Тие не гледаат ништо убаво во Турција.

Од 2002 година од како што дојдовме на власт ние на секаков начин настојуваме да ја развиваме Турција.Земјата ја претворивме во безбедно пристаниште така да моментално и надворешниот и внатрешниот инвеститор без да претставуваат терет за здржавата ги реализираат своите проекти, ете тоа се вика раководење со финансиите и со парите.

Во продолжение претседателот Ердоган се осврна на тероризмот и рече дека со решителноста на владата ќе му се стави крај на тероризмот.

Сметам дека за да продолжи безбедноста во земјата и понатаму треба да важи условот за изборен праг од 10 насто,подвлече претседателот Ердоган.

 



Слични вести