Европа треба да си го знае своето место

За силна и нова Турција треба да се остварат големи проекти

709208
Европа треба да си го знае своето место

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека туркофонскиот свет почна да ги обединува силите

Во рамките на посетата и средбите во Аланја кај Анталија, министерот Чавушоглу одржа собир со граѓаните.

Во говорот што го одржа во оваа прилика Чавушоглу рече дека за силна и нова Турција треба да се остварат големи проекти, поради што 15 години се залагаат за пружање најдобри услуги на народот.

Владата на Турција работи за веење на турското знаме насекаде низ светот, а исто така не ги заборавивме и угнетените во другите земји.

Турците кои живеат во странство не се сами и се чувствуваат посилни, рече Чавушоглу.

 Го формиравме турскиот свет. Го формиравме Светското парламентарно собрание на Турците во светоти ја обединуваме нашата сила со туркофонскиот свет. Ги обединуваме Турците. Кон крајот на годинава ќе одржиме голем самит на турскиот свет и ќе ги повикаме претставниците на сите Турци во светот. Постојат одредени средини во светот кои што не можат да го поднесат економскиот раст и успех на Турција, ни завидуваат. Повремено има средини кои што се обидуваат да го попречат нашиот развој. Но исто така успеваме да бидеме горди и цврсти против целиот свет, рече министерот Чавушоглу.

Турција води решителна борба против внатрешните и надворешните предавници, рече Чавушоглу и потенцираше дека водиме беспоштедна борба против терористичката организација ПКК и нејзините приврзаници како во рамките на земјата така и надвор од нашите граници во Ирак. На ист начин водиме беспоштедна борба против терористичката организација ДАЕШ, како и Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. Турција решително ќе продолжи со борбата против тероризмот и предавниците. Без оглед на тоа каде и да побегнат, ние настојчиво ќе продолжиме со борбата против терористите на ФЕТО, ПКК, ДАЕШ, ДХКП-Џ и другите. Бараме и ќе продолжиме да бараме сметка од сите нив.

Турција во минатото многу трпеше од коалиционите влади, затоа дојде време да зајакне системот, рече Чавушоглу и потенцираше на значењето на референдумот за уставните измени на 16 април.

Во освртот на ставот на Европа, министерот Чавушоглу ја предупреди Европа со следните зборови: Европа треба да си го знае своето место. Својот ум нека си го чуваат за себе. Ако толку добро функционирате, тогаш надминете ги своите проблеми и излечете ги своите болести, рече Чавушоглу.



Слични вести