Должноста на претседателот е да раководи со земјата, додека на Собранието да усвојува закони

Претседателот на државата, функцијата ќе ја извршува согласно уредбата со законска сила

706994
Должноста на претседателот е да раководи со земјата, додека на Собранието да усвојува закони

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека со новиот претседателски систем кој се предвидува да се воведе во Турција по референдумот на 16 април за уставните измени, јасно и отворено се определуваат должностите и сферите на влијание на Собранието и претседателот.

Должноста на претседателот е да раководи со земјата, додека на Собранието да усвојува закони, рече Јилдирим.

Во интервјуто за програмата на еден приватен ТВ-канал кој се емитува од Измир, премиерот Јилдирим одговараше на прашањата на младите.

Собранието ќе усвојува закони, а претседателот ќе ги имплементира.

Претседателот на државата, функцијата ќе ја извршува согласно уредбата со законска сила. Дејствијата кои се предвидуваат да се извршат со закон, во никој случај не ќе можат да се извршат со уредба со законска сила. Доколку во врска со одредено дејствие е усвоен закон, тогаш ќе преовлада законот, а не уредбата.

Премиерот Јилдирим во продолжение рече дека во новиот систем нема да постои премиерската функција. Двоглавието подразбира двојна волја поради што Турција губи непотребно време. Со новиот систем се планира волјата да се симне на една и согласно овластувањето кое му е дадено од страна на народот, тој ќе раководи со земјата, рече премиерот Јилдирим.

Со новиот систем се планира да се донесе и компромис. Граѓаните ќе имаат право на избор на две опции. Првата се однесува на изборот на собранието, односно пратениците, втората на претседателот. Што значи дека народот дава две овластувања. На собранието ќе му рече, Вие ќе ги подготвувате и усвојувате законите, ќе го контролирате претседателот кој го избравме, во случај да погреши, тогаш ќе ги преземете потребните мерки. На претседателот пак му вели: Вие ќе раководите со земјата, ќе ги оствариш дадените ветувања во врска со услугите. Со новиот систем точно и јасно се определува надлежноста. Со други зборови речено, конкретно се определува поделбата на власта. Во постоечкиот систем тоа го нема, рече Јилдирим.

Со новиот систем кој се планира да се воведе, граѓаните ќе бидат газди рече Јилдирим и потенцираше дека не станува збор за еден човек.



Слични вести