Турција ја осуди едностраната одлука која беше усвоена на седницата на Градскиот одбор на Киркук

Одлуката претставува многу погрешен чекор кој може да го наруши општественото спокојство и мир

706149
Турција ја осуди едностраната одлука која беше усвоена на седницата на Градскиот одбор на Киркук

Турција ја осуди едностраната одлука која беше усвоена на седницата на Градскиот одбор на Киркук, која беше бојкотирана од страна на Туркменците и Арапите и соопшти дека едностраниот референдум нема никаква легитимност.

Во соопштението на МНР беше истакнато дека вчерашната одлука на Собранието на градот Киркук во врска со референдумот за статусот на градот со која се обидува да се актуализира прашањето, претставува многу погрешен чекор кој може да го наруши општественото спокојство и мир. Одлуката која беше усвоена на седница на собранието на градот Киркук на која не присуствуваа суштинските елементи како што се Туркменците и Арапите, нема никаква легитимност.

Статусот на Киркук е регулиран во уставот на Ирак и усвојувањето некоја друга одлука која се коси со уставните одредби претставува кршење на уставот, беше подвлечено во соопштението.

Усвојувањето на едностраната одлука на референдумот за статусот на Киркук по поставувањето на знамето на регионалната управа на северот на Ирак на службените установи претставува нов пример за соочување на граѓаните со иницијативи пред свршен чин, поради што истите се осудуваат. Приоритетна цел на Киркук е што поскоро окончување на борбата против тероризмот  и враќање на граѓаните кои присилно беа протерани од родните краишта, што подразбира воспоставување на општественото спокојство и мир. Како што чекорите кои се фрлаат на тоа поле немаат никакво значење, истите се неприфатливи.



Слични вести