Расте интересирањето на турските избирачи во странство кон референдумот за уставните измени

Турските избирачи во странство за референдумот ќе можат да гласаат најдоцна до 9 април

704600
Расте интересирањето на турските избирачи во странство кон референдумот за уставните измени

Расте интересирањето на турските избирачи во странство кон референдумот за уставните измени кој се планира да се одржи на 16 април во Турција

Турските избирачи кои живеат во странство за викендот навалија кон изборните единици.

Редиците во германските градови Дизелдорф и Келн во кои претежно живеат Турци повремено изнесуваа над 500 метри.

Исто така и Турците кои живеат во другите европски земји како што се Белгија, Холандија, Франција, Австрија и Данска за викеднот ги псоетија изборните единици.

Во северноевропската држава Данска започна гласањето за референдумот.

Гласачките кутии беа поставени само во главниот град Копенхаген.

Турските избирачи кои живеат во другите градови изнајмија автобуси со кои дојдоа да гласаат.

Гласањето за референдумот кое минатата недела стартува во Европа, во петок продолжи со гласањето во Австралија, додека за викендот беа поставени и гласачките кутии во САД.

Турските избирачи во странство за референдумот ќе можат да гласаат најдоцна до 9 април.



Слични вести