Началникот на Генералштабот Акар во посета на Дијарбакир

Високата воена делегација од Генералштабот беше пречекана и примена од страна на гувернерот на Дијарбакир Хусеин Аксој и претставници на општина Дијарбакир.

704583
Началникот на Генералштабот Акар во посета на Дијарбакир

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар со неколку армиски команданти отпатува во посета на Дијарбакир,град на крајниот југоисток на Турција.

Високата воена делегација од Генералштабот беше пречекана и примена од страна на гувернерот на Дијарбакир Хусеин Аксој и претставници на општина Дијарбакир.

Средбата се одржа зад затворени врати без присуство на новинари.

Како што се дознава во разговорот станало збор за актуелната безбедносна ситуација во градот и поширокото опкружување, како и за воените операции на турските сили за безбедност против терористичките организации.

Началникот на Генералштабот на Република Турција генерал на армија Хулуси Акар и високите офицери во негова придружба попладне ќе тргнат во обиколка на единиците на турската армија на задача во подрачјето околу Дијарбакир.

 

 



Слични вести