Европа е љубоморна на Турција и затоа не сака Турција да се развива

Во говорот во Карс премиерот Јилдирим го истакна следното: Тие не сакаат Турција да се развива.Тие сакаат Турција да се удави во внатрешните проблеми и на тој начин да си ја загуби силата

703342
Европа е љубоморна на Турција и затоа не сака Турција да се развива

Премиерот Бинали Јилдирим во Карс изјави дека Европа е љубоморна на Турција и затоа не сака Турција да се развива.

Во говорот во Карс премиерот Јилдирим го истакна следното: Тие не сакаат Турција да се развива.Тие сакаат Турција да се удави во внатрешните проблеми и на тој начин да си ја загуби силата. А пак тие да можат да се поигруваат со неа како што сакаат. Западните средини увидоа дека Турција ги прекина нивните извори на пари, и дека парите остануваат во Турција. Како реакција на тоа започнаа да водат интриги на сметка на Турција, да провоцираат, да се закануваа,т да им делат лекции на турските граѓани. Сега дали Турција сето тоа ќе го прифати? Секако дека нема.

Премиерот Јилдирим продолжи со следните зборови: Европските весници исфрлаат наслови како „Ердоган е диктатор“. Зошто? Затоа што Ердоган не им дозволува да ги искористуваат богатите извори на Турција. Тој гради најголем аеродром во светот во Истанбул. Обезбедува поголем дел за својата земја од светските пазари. Ете токму затоа 16 април е важен датум. Да се рече едно големо ДА на 16 април годинава на референдумот, значи да се обезбеди посилна Турција, посилна демократија во Турција, крај на тероризмот во Турција, и Да за братството,единството и соживотот.

На сите нам добро ни е познато дека сите тие земји кои што му се закануваат на Ердоган,всушност и се закануваат на самата Турција.Ние тоа добро го знаеме.

 

 

 

 



Слични вести