Нема препораки за вонредната состојба во Турција

На преден план на состанокот беа изнесени односите со Европа и борбата против тероризмот

702094
Нема препораки за вонредната состојба во Турција

На состанокот на Советот за национална безбедност (СНБ) со кој претседаваше претседателот Реџеп Тајип Ердоган не беше усвоена одлука за препорака во врска со вонредната состојба во земјава која ќе заврши на 19 април.

Вонредната состојба во Турција која беше усвоена веднаш по обидот за воен удар на 15 јули од страна на Фетулахистичката терористичка организација паралелна држава (ФЕТО/ПДЈ), беше продолжена во октомври и јануари.

Во писменото соопштение кое беше објавено по состанокот беше истакнато дека на преден план беа изнесени односите со Европа и борбата против тероризмот.

Во официјалното соопштение на Советот за национална безбедност беше истакнато следното:

На состанокот беа разгледани ставот и начинот на однесување на претставниците на некои европски земји против турските политичари и државници во последно време кои се косат со меѓународните начела и дипломатските традиции како и расистичките активности против исламот. Исто така беа разгледани и мерките и санкциите кои треба да ги преземе државата за заштита на граѓаните од евентуални физички напади како и нивните права и слободи.

Во декларацијата беше подвлечено на значењето и успехот што беше постигнат со операцијата Еуфратски штит во борбата против тероризмот која ја спречи заканата од евентуалните напади на терористичката организација ДЕАШ, екстрадиција на сириските браќа од териториите од кои беа протерани да можат во безбедност и спокојство да живеат во родните краишта.

На седницата на Советот уште еднаш беше утврдено дека искористувањето на силите на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ во борбата терористичката организација ДЕАШ во Сирија и Ирак ќе го наруши спокојството и безбедноста во регионот и на среднорочен и долгорочен план ќе предизвика нови проблеми и тешкотии. Исто така беше подвлечено дека материјалната, воена и друга поддршка на терористичките групи во регионот против кои Турција води ефикасна борба, ќе ги наруши пријателските односи.

Безбедноста на гласачките кутии и изборите пред референдумот закажан за 16 април беше една друга значајна тема која се најде на дневниот ред на состанокот и за која се дискутираше, беше истакнато во декларацијата.



Слични вести