Јилдирим:Операцијата Штитот на Еуфрат е завршена

Премиерот Јилдирим даде интервју за еден приватен турски телевизиски канал и притоа се осврна на воената операција која турските вооружени сили ја изведоа од кон крајот на август минатата година во северот на Сирија

702298
Јилдирим:Операцијата Штитот на Еуфрат е завршена

Премиерот Бинали Јилдирим  соопшти дека воената операција на турските вооружени сили која под името Штитот на Еуфрат се реализираше од 26 август минатата година досега е окончана и дека доколку во иднина пак се појави потреба од слична воена операција таа ќе се реализира под друго име.

Премиерот Јилдирим даде интервју за еден приватен турски телевизиски канал и притоа се осврна на воената операција која турските вооружени сили ја изведоа од кон крајот на август минатата година во северот на Сирија.Јилдирим подвлече дека Штитот на Еуфрат послужи за елиминирање на терористичките елементи од Ел Баб и тоа на површина од 1200 квадратни километри.Сега во Ел Баб се вратија пребеганите жители на градот кои се беа засолнале во Турција така животот полека почнува да се нормализира.

Сепак Јилдирим не ја криеше загриженоста бидејќи се покажа дека сојузниците на Турција во оваа воена операција во северот на Сирија оружано ја помагаат терористичката организација ЈПГ ,инаку воено крило на ПКК во северот на Сирија.Тоа претставува закана по внатрешната и надворешната  безбедност на Турција, рече премиерот Јилдирим.

Што се однесува до операцијата на Рака премиерот Јилдирим истакна дека, не е етички и не им личи на САД да соработуваат со една терористичка организација.

За кризата со знамето ве Ќеркук премиерот Бинали Јилдирим рече:Ќеркук е град во Ирак,така тоа што се случи таму со знамето е ситуација на свршен чин. Регионалната управа на северот на Ирак со ова однесување сакаше да стави до знаење дека таа е власт таму, но тоа е неуставно според уставот на Ирак затоа што не се бараше мислењето на Туркмените и Арапите. За нас тоа е погрешно у затоа ние веднаш презедовме неколку иницијативи на тоа поле.

Осврнувајќи се на односите на Турција со ЕУ премиерот Бинали Јилдирим рече дека за жал има случаи на подметнување пожари во џамии и цртање кукасти крстови на џамиските ѕидови во дел од европските земки.Германија и Холандија кои се чувствуваат погодени од зборот нацист би требало да имаат по демократски став кога се во прашање правата на Муслиманите таму.Ќе биде во прилог на Европа ако не ги расипе односите со Турција.Очекуваме од ЕУ да постави јасна граница со терористичко сепаратистичките организации како што се ПКК и ФЕТО и другите левичарски организации кои делуваат на штета на Турција. Копга сме тука да кажам дека не сметам дека е етички германската разузнавачка служба да ги обелодени податоците добиени од турската разузнавачка служба а кои што се однесуваат на ФЕТО.По последно време за жал сведоци сме на појави кај дел од европските земји кои отворено се во добри односи со терористичките организации кои се непријатели на Турција.Тие исто така се изјаснуваат како страна кога е во прашање референдумот за уставните измени во Турција што не е ништо друго туку мешање во нејзините внатрешни работи.

Премиерот Јилдирим рече дека вонредната состојба не се најде на дневниот ред на седницата на Советот за безбедност на Турција така да Советот не се произнесе за вонредната состојба.Тоа би можело да се случи пред 19 април годинава,додаде премиерот Јилдирим.

 



Слични вести