Ердоган се закани на тероризмот: Скапо ќе платите !

„Секој оној кој што ќе се обиде да го загрози мирот во нашата земја,ќе плати за тоа“ се закани претседателот Реџеп Тајип Ердоган

701795
Ердоган се закани на тероризмот: Скапо ќе платите !

„Секој оној кој што ќе се обиде да го загрози мирот во нашата земја,ќе плати за тоа“ се закани претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Ердоган говореше на средбата „ Да за убава Турција“ што се организира во Културниот и конгресен центар во претседателската палата Бештепе во Анкара.

Ердоган се задржа на борбата против тероризмот и рече: 

„Турција ќе биде многу поубава земја после борбата против тероризмот. Сега ние водиме силна борба против тероризмот, успеавме да ги уништиме нивните легла и во планините Тендурек,Џуди, Габар и Беслер Дерелер. Со огромната заложба и пожртвуваност на нашиот министер за надворешни работи,на нашата полиција, селските чувари сите заедно се сплотивме во еден во оваа битка. Не само во земјата туку и во Сирија,во Џераблус,Раи, Дабик, Баб каде се судривме со терористите на ДЕАШ и ПЈД и постигнавме големи победи. Секој треба добро да знае дека Секој оној кој што ќе се обиде да го загрози мирот во нашата земја,ќе плати за тоа, беше категоричен претседателот Ердоган.

 



Слични вести