Рекс Тилерсон во четврток во посета на Анкара

Тилерсон во Анкара ќе се состане со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и со другите турски претставници на власта

700409
Рекс Тилерсон во четврток во посета на Анкара

Американскиот државен секретар за надворешни работи Рекс Тилерсон во четврток ќе допатува во посета на Турција.

Тилерсон во Анкара ќе се состане со претседателот Реџеп Тајип Ердоган и со другите турски претставници на власта.

Тема број еден на разговорите на Тилерсон во Анкара ќе биде прашањето посветено на тероризмот, поточно на борбата против терористичката организација ДЕАШ,како и операцијата на Рака во Сирија.

Во соопштението издадено по повод посетата на Тилерсон на Анкара се додава дека во разговорите ќе се посвети големо внимание на загриженоста на Турција во однос на делувањето на терористичката организација ЈПГ во Сирија

Се очекува во разговорите  на Тилерсон во Анкара да стане збор и за барањето на Турција за испорачување на челникот на терористичката организација ФЕТО ,Фетулах Ѓулен во Турција.

Американскиот Стејт департмент најави дека Тилерсон е спремен да одговори на прашањето.

Тилерсон после посетата на Анкара ќе отпатува за Брисел на самитот на НАТО кој ќе се одржи ден потоа.

 

 



Слични вести